ФудбалФутсал

Шампионот КМФ Проект ја продолжи соработката со Наум Блажевски и Мирко Соколов

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро и за новата сезона. Тимот од Јосифово официјално ја продолжи соработката со двајца важни членови на составот од минатата сезона – Наум Блажевски и голманот Мирко Соколов.

Во клубот не го кријат задоволството што и двајцата ќе останат дел од проектот кој во изминатата сезона испиша историја. КМФ Проект по вторпат стана шампион на Македонија, а за првпат во своето постоење го освои Купот на Македонија, комплетирајќи ја двојната круна.

Блажевски важи за еден од најсигурните играчи во дефанзивната линија на тимот. Од клубот истакнуваат дека неговата пожртвуваност, дисциплина и тактичка зрелост го прават еден од столбовите на составот.

„Наум Блажевски и наредната сезона дел од КМФ Проект! Кога зборуваме за цврстина, стабилност и сигурност, името на Наум Блажевски секогаш е синоним за се тоа. Еден од столбовите на нашиот бедем, играч кој со својата пожртвуваност, дисциплина и тактичка зрелост носи сигурност во тимот во секој натпревар. Наум не е човек на големи зборови. Неговите дела зборуваат наместо него. Тивок, скромен и секогаш подготвен да го стави тимот пред себе, тој е вистински пример за професионализам и посветеност. Во време кога спортот и футсалот бараат карактер, Наум е токму тоа – играч на кој секогаш можеш да се потпреш“, велат од клубот.

Продолжување на соработката доби и искусниот голман Мирко Соколов, кој и во наредната сезона ќе биде важен дел од шампионскиот состав.

„КМФ Проект со гордост објавува дека и следната сезона продолжува со човекот кој носи мир, баланс и сигурност во тимот. Мирко Соколов е и “човек од соблекувална” — личност кој со своето искуство знае да смири, да поддржи и да биде важна врска помеѓу сите во екипата. Еден од најдобрите голмани кој не секогаш е во прв план, но неговото присуство се чувствува и на терен и надвор од него. Како голман, носи сигурност. Како човек, носи позитивна енергија. Како дел од Проект, носи вредност што секој тим ја посакува“, велат од клубот.

Со задржувањето на Блажевски и Соколов, КМФ Проект испраќа јасна порака дека сака да го задржи победничкиот костур на екипата. Тимот веќе се подготвува за новите предизвици, меѓу кои најголем ќе биде настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, каде шампионот на Македонија ќе се обиде достојно да ја претставува државата на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Ресен се извлече на пенали, Сливница и Пекара Александар со високи победи

Синоќа на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „ресен 2026“ беа одиграни три натпревари, кои донесеа еден возбудлив меч и две убедливи победи, а...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново го донесе првото засилување: Матеус Лемос се враќа во македонскиот фудбал

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново го официјализираше првото засилување во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново го донесе првото засилување: Матеус Лемос се враќа во македонскиот фудбал

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново го официјализираше првото засилување во пресрет на дебитантската...

ФудбалФутсал

КМФ Проект ја продолжи соработката со Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува со задржувањето на костурот на тимот...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) ГФК Неготино со одличен настап на „Спортинг Куп 2026“ во Србија – освоен медал

Младите фудбалери на ГФК Неготино достојно го претставија клубот, градот Неготино и...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е нов играч на Актобе

Еден од стандардните македонски репрезентативци, Јани Атанасов, кариерата ќе ја продолжи во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!