Ракомет

Македонските ракометни тренери на семинар во Струга за лиценцирање за новата сезона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



На 13 јуни во спортскиот центар „Тими“ во Струга ќе се одржи семинарот за стекнување на тренерска лиценца за натпреварувачка 2026/2027 сезона.

Семинарот ќе се одржи на 13 јуни, а ракометните тренери кои ќе ја обновуваат тренерската лиценца ќе треба да пристигнат до 10 часот.

Според програмата од 10 до 10:30 часот воведен збор ќе има Претседателот на Здружението на ракометни тренери на Македонија, проф. д-р Гино Стрезовски.

Од 10:30 до 11:30 часот фитнес тренинг со проф. д-р Сашо Даневски.

Од 11:45 до 12:45 часот тренинг голманска техника со проф. Кристијан Грчевски, Master coach – актуелен селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија.

Од 13 до 15 часот е предвидена пауза.

Од 15 до 16 часот тренинг со проф. Никола Матлиевски – Master coach, актуелен селектор на пионерската машка репрезентација на Македонија.

Од 16:30 до 17 часот тренинг со Горан Кузмановски – Таста, Master coach – актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!