ФудбалФутсал

Капитенот Марио Благојевски останува во КМФ Проект – шампионската приказна продолжува!

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува костурот на тимот кој испиша историја минатата сезона, а најновата потврда пристигна со продолжувањето на соработката со капитенот Марио Благојевски.

Репрезентативецот на Македонија и најдобар стрелец на Проект ќе продолжи да го носи дресот на клубот и во сезоната 2026/27, во која екипата повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена.

Минатата сезона беше историска за КМФ Проект. Тимот по вторпат стана шампион на Македонија, а до титулата стигна без ниту еден пораз. Покрај шампионскиот трофеј, Проект за првпат ја освои и двојната круна, откако триумфираше и во Купот на Македонија.

Од клубот со посебна порака го потврдија останувањето на својот капитен.

„Со големо задоволство објавуваме дека нашиот капитен Марио Благојевски ќе го носи дресот на КМФ Проект и во сезоната 2026/27. Неговото лидерство, посветеност и борбен дух се симбол на вредностите што ги градиме како клуб. Продолжуваме заедно кон нови предизвици, нови победи и нови успеси на домашната и европската сцена. Капитене, благодарам за довербата. Да пишуваме нови страници од нашата заедничка историја“.

Со задржувањето на Благојевски, КМФ Проект испраќа јасна порака дека сака да остане на врвот на македонскиот футсал и во сезоната што следува, а капитенот ќе биде еден од главните адути во остварувањето на новите клупски цели.

Пред Проект следуваат квалификациите во Лигата на шампиони.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!