Останато

Изабела Зајков доби покана за BJJ камп во Норвешка и настап на престижниот „Осло Опен 2026“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Една од најперспективните млади македонски спортистки, Изабела Зајков, продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната боречка сцена. Младата натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ) доби покана од реномираниот тренер Бруно Карваљо за учество на 14-дневен BJJ камп во Осло, Норвешка.

Кампот ќе собере талентирани и перспективни натпреварувачи од повеќе држави, кои ќе имаат можност да тренираат, да разменуваат искуства и да го усовршуваат своето знаење под водство на врвни тренери од светот на бразилското џиу-џицу.

За време на престојот во Норвешка, Зајков ќе настапи и на престижниот меѓународен турнир „Осло Опен 2026“, кој ќе се одржи на 12 и 13 јуни. Станува збор за еден од најзначајните BJJ настани во регионот, кој секоја година собира голем број натпреварувачи од различни земји.

Поканата претставува уште едно големо признание за трудот, дисциплината и посветеноста на младата Македонка, која и покрај своите 15 години веќе има богато меѓународно искуство и значајни резултати зад себе.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во текот на јануари годинава, Зајков престојуваше на 30-дневни подготовки во светски познатиот ММА камп „Tiger Muay Thai“ во Тајланд, под покровителство на нејзиниот Team Carvalho од САД, каде работеше со врвни борци и тренери од целиот свет.

Радовишанката веќе има освоено бројни медали на престижни меѓународни натпревари во бразилско џиу-џицу, меѓу кои и златен медал на „ABU DHABI World Tour Rome“, сребро на „AJP Europe Continental“ во Истанбул, како и четири медали и шампионски појас на турнирот „NAGA Detroit“ во САД.



Нејзиното присуство на кампот и турнирот во Норвешка претставува нова можност за спортско усовршување, стекнување драгоцено искуство и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена.

Изабела Зајков одново покажува дека македонскиот спорт има светла иднина, а нејзината посветеност и континуиран напредок ја вбројуваат меѓу најталентираните млади спортисти во државата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!