Фудбал

Стадионот „Езеро“ во Крушево – идеална база за летни подготовки на екипите

Сподели
Сподели



Стадионот „Езеро“ во Крушево сè повеќе се профилира како одлична дестинација за летни подготовки на фудбалските екипи пред стартот на новата сезона 2026/2027, нудејќи квалитетни услови за тренинг и одигрување пријателски натпревари.

Објектот располага со две уредени соблекувални, како и целосно одржуван и валиран терен кој обезбедува рамна и стабилна подлога за работа односно тренинг и натпревари.. Дополнителна предност е тоа што стадионот е опремен со рефлектори, што овозможува тренинзи и натпревари да се одржуваат и во вечерните часови.

Во непосредна близина на стадионот се наоѓаат хотели и вили, што им овозможува на екипите комфорен престој и сместување на само неколку минути од теренот. Тоа дополнително ја зголемува практичноста за организирање подготовки на едно место.

Крушево, како највисок град на Балканот со надморска височина од 1.220 метри, нуди и идеални климатски услови за тренинг во летниот период. Свежиот планински воздух и пријатните температури се голема предност за спортистите.

Градот е одлично поврзан и со останатите делови на државата – од Прилеп е оддалечен околу 32 километри, од Скопје околу 160 километри, а од Охрид околу 120 километри, што го прави лесно достапен и атрактивен за домашни и странски екипи.

Во близина се наоѓа и познатиот споменик „Македониум“, што дополнително му дава туристичка и историска вредност на овој спортски центар.

Со сите овие услови, стадионот „Езеро“ се наметнува како сериозна и модерна опција за летни подготовки и спортски кампови во Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!