Ракомет

Европскиот херој доби поддршка од трибините: Навивачите бараат Јасухира да остане за наредната сезона

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Навивачите на Охрид не сакаат лесно да се разделат со човекот кој за кратко време стана еден од симболите на европскиот успех на клубот. Тие покренаа петиција со која бараат Косуке Јасухира да остане дел од тимот и во следната сезона, а воедно и да добие македонско државјанство.

Јапонскиот среден бек пристигна во Охрид во текот на пролетниот дел од сезоната, но експресно се вклопи во екипата. Со своите игри и лидерска улога во организацијата на нападот, Јасухира брзо ја освои довербата на стручниот штаб, соиграчите и публиката.

ФОТО: ГРК Охрид

Во моментите кога управата на клубот и ракометарот ги водат разговорите за евентуално продолжување на соработката, поддржувачите на Охрид решија јавно да покажат колку им значи неговото присуство во тимот.

Токму Јасухира беше еден од најзаслужните за историскиот резултат на охриѓани оваа сезона. Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп, откако во финалниот двомеч беше поуспешен од унгарска Татабања и ја испиша најсветлата страница во клупската историја.

Петицијата е достапна на овој линк.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Благица и Китчен со две победи, гол-шоу на М Младост за убедлива победа на “Малеш Куп” во Берово

Синоќа беа одиграни нови четири мечево на турнирот во мал фудбал “Малеш Куп 2026” во Берово, а беа забележани три сигурни и високи...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се реализира во СЦ „Истатов“ во Дојран. По успешно реализираниот прв дел...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Погледнете како изгледа реновираната сала „Млаз“ во Богданци

Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата...

Ракомет

ФОТО: Горан Андоновски прозиваше – суперлигашот Младост од Богданци ги започна подготовките

На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе...

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот...

ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ројевиќ: „Ќе продолжиме да го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град“

Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!