РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Салим Арифи – „новиот Мирлинд Даку“ доби повик во Македонија, зад себе има сезона со 23 гола и 7 асистенции!

Сподели
Сподели



Суперталентираниот напаѓач на косовска Митровица, Салим Арифи, продолжува да го привлекува вниманието на фудбалската јавност со своите одлични настапи и неверојатна ефикасност.

Младиот напаѓач, кој потекнува од Прилеп, во сезоната 2025/2026 постигна 23 гола и запиша седум асистенции во дресот на Митровица. Овие бројки добиваат уште поголема тежина ако се земе предвид фактот дека Арифи не беше стартер на сите натпревари во текот на сезоната.

Посебно ќе остане запаметен неговиот настап во големото дерби меѓу Митровица и директниот конкурент Влазнија. При резултат 0:0, Арифи влезе во игра во 70. минута и уште при првата сериозна можност го реши натпреварот, постигнувајќи гол кој се покажа како клучен за пласман на Митровица во Првата лига на Косово.

Со само 19 години, Арифи се етаблираше како еден од најдобрите и најефикасни млади стрелци во лигата, а интересот за неговите услуги постојано расте. За него интерес покажуваат клубови од регионот, но и екипи од странство, додека неговата пазарна вредност е во постојан пораст. Митровица навреме го препозна неговиот огромен потенцијал.

Во Косово веќе го споредуваат со познатиот голгетер Мирлинд Даку, а прекарот „новиот Мирлинд Даку“ доволно говори за очекувањата кои се поврзуваат со него.



Пред заминувањето во Косово, Арифи беше дел од младинските категории на Победа од Прилеп, каде постигна повеќе од 100 голови во сите младински конкуренции и уште тогаш најави дека поседува голем напаѓачки потенцијал.

Одличните партии не останаа незабележани ниту од селекторите на националните селекции. Арифи доби повик во репрезентацијата на Македонија до 20 години, која утре го има собирот пред претстојниот меѓународен натпревар против Соединетите Американски Држави. Средбата ќе се одигра во Петрич, Бугарија, а за младиот напаѓач тоа ќе биде уште една можност да го покаже својот квалитет и во националниот дрес.

Со висина од 193 сантиметри, одлична реализација и чувство за гол, Салим Арифи е едно од најинтересните млади напаѓачки имиња кои Македонија ги има во моментов, а неговиот развој внимателно го следат и клубови надвор од регионот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!