КупФудбал

Шкендија реагира: Спонзорот најави можно повлекување од клубот и македонскиот фудбал

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Тетовска Шкендија не се помирува со одлуката на Фудбалската федерација на Македонија, која по случувањата во финалето на Купот на Македонија го казни клубот со вкупна парична казна од 105.000 евра, како и со забрана за настап во следното издание на националниот куп.

По изречените санкции, реакција пристигна од спонзорот на клубот, кој бара одлуката да биде итно преиспитана и коригирана. Во спротивно, најавува дека сериозно ќе ја разгледа можноста за повлекување од Шкендија, па дури и од македонскиот фудбал.

Во соопштението се нагласува дека Шкендија со години вложува значителни средства, труд и енергија во развојот на клубот, а посебно се потенцира придонесот на тетовскиот тим на европската сцена, каде со своите настапи помогна во подобрување на коефициентот на македонскиот фудбал.

Во продолжение, соопштението на спонзорот на Шкендија го пренесуваме во целост:

„По последната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кон ФК Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа одлука, која ја смета за скандалозна, итно да биде преиспитана и коригирана.

ФК Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, коректност и целосна усогласеност со спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините бараше големи вложувања, труд и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој со своите достоинствени настапи во Европа го зголеми коефициентот на лигата, од кој корист имаат сите домашни клубови и благодарение на кој, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.

Поради тоа, неприфатливо е со одлуки донесени на маса да се оштети еден сериозен проект и овој придонес да биде „награден“ со намерни удари. Ваквиот пристап нè тера да ја разгледаме и можноста за повлекување од клубот, односно од фудбалот во Северна Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, ние како спонзор сериозно ќе го преиспитаме нашето понатамошно присуство, бидејќи оваа одлука ги нарушува правата и политиките на клубот.

Очекуваме органите на ФФМ итно да покажат одговорност и да реагираат во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто.“

Инаку, Шкендија беше санкционирана по повеќе основи поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија, а една од најтешките мерки е исклучувањето од Купот на Македонија за следната натпреварувачка сезона. Клубот засега не најавува дополнителни чекори, но од реакцијата е јасно дека незадоволството од одлуката на ФФМ е сериозно и дека во наредниот период се очекува развој на ситуацијата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Алкалоид ги очекува обврска и на домашната сцена....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!