ИнтервјуРакомет

Кукуловски: Чест ми е што бев дел од генерацијата која ја испиша историјата на Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По две успешни сезони во дресот на ГРК Охрид, левиот бек Дејан Кукуловски ја завршува својата етапа во охридскиот клуб и повторно се сели во странство. Ресенчанецот кариерата ќе ја продолжи во редовите на српскиот клуб Металопластика Шабац, некогашен двократен европски шампион кој европските титули ги освојуваше во 1985 и 1986 година.

Кукуловски во Охрид пристигна како еден од играчите од кои се очекуваше да донесат стабилност и квалитет, а заминува како дел од генерацијата што испиша златни страници во историјата на клубот. Зад него остануваат две одлични сезони исполнети со успеси, а најголемиот момент, без сомнение е освојувањето на трофејот во ЕХФ Европскиот куп, прв европски трофеј за охридскиот клуб.

Во разговор за нашиот медиум, искусниот лев бек се осврна на периодот минат во Охрид, историскиот успех во Европа и новото поглавје кое го очекува во дресот на Металопластика.

Најпрво, Кукуловски зборуваше за двете години поминати покрај Охридското Езеро и за спомените што ги носи со себе од клубот.

„ Пред сѐ, сакам да му се заблагодарам на клубот, на соиграчите, стручниот штаб и навивачите за двете години поминати во Охрид. Тоа беше важен период во мојата кариера, исполнет со многу работа, напредок и убави моменти. Имав можност да бидам дел од амбициозна средина и да соработувам со одлични луѓе. Од Охрид заминувам со позитивни впечатоци, стекнати пријателства и спомени кои ќе ги паметам.“

ФОТО: ГРК Охрид

Сезоната што е зад Охрид долго ќе се прераскажува меѓу љубителите на ракометот. Тимот стигна до европска титула, имаше забележителни настапи на домашната сцена и успеа да создаде резултат кој ќе остане запишан во клупската историја. Кукуловски признава дека чувството да се биде дел од таков успех е нешто што ќе го памети засекогаш.

„ Зад нас е навистина успешна сезона во која ги остваривме целите што си ги поставивме. Освојувањето на Европскиот Куп е голем успех за клубот и награда за трудот што го вложувавме во текот на целата сезона. Имавме многу тешки натпревари и предизвици, но покажавме квалитет и карактер кога беше најпотребно. Финалето беше одличен начин да се заокружи една успешна сезона. Секако дека постои чувство на гордост кога ќе освоиш европски трофеј и кога знаеш дека си дел од успех кој ќе остане запишан во историјата на клубот. Ми претставува чест што бев дел од оваа екипа и што заедно успеавме да постигнеме нешто значајно за Охрид и за македонскиот ракомет.“

ФОТО: ГРК Охрид

По историската сезона следува и нов предизвик во кариерата. Македонскиот интернационалец од наредната сезона ќе настапува во српскиот шампионат, во клуб кој има богата традиција и големи амбиции за враќање во самиот врв.

„ Пред мене е нов предизвик и со голема мотивација ја очекувам новата сезона. Металопластика е клуб со богата традиција и драго ми е што ќе имам можност да го носам неговиот дрес. Очекувам многу работа, нови искуства и можност дополнително да се развивам како играч. Мојата цел е што побрзо да се вклопам во новата средина и со своите настапи да придонесам за остварување на клупските цели. Верувам дека нѐ очекува интересна и успешна сезона и со нетрпение го очекувам почетокот на новото поглавје во кариерата.“- вели Кукуловски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Металопластика оваа сезона не успеа да обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи во српскиот шампионат, но клупското раководство веќе најавува повисоки амбиции за следната натпреварувачка година.

За Кукуловски ова ќе биде нова можност за меѓународна афирмација и нов чекор во кариерата, додека во Охрид ќе остане запаметен како дел од генерацијата која го донесе најголемиот успех во историјата на клубот и го искачи градот на европскиот ракометен врв.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!