ИнтернационалциФудбал

Македонските фудбалски судијки ќе ја делат правдата на натпреварот Бугарија – Гибралтар

Сподели
Сподели

Македонски судиски тим предводен од судијката Ирена Велевачкоска ќе ја дели правдата на натпреварот од Лигата Ц, Група 2 во рамките на женската Лига на нации помеѓу репрезентациите на Бугарија и Гибралтар.

Средбата ќе се одигра утре со почеток од 17:00 часот на стадионот „Славија“ во Софија. Покрај Велевачкоска, во судискиот тим од Македонија се и помошничките Вјолца Изеири и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја извршува Ангела Рајчевска.

Ова претставува уште едно значајно меѓународно назначување за македонските арбитри под капата на UEFA, што е потврда за нивниот квалитет, професионалност и континуиран напредок на европската сцена.

Воедно, ваквите назначувања се и признание за посветената работа на судиската организација и Фудбалска федерација на Македонија, која преку континуирана едукација и развој на судискиот кадар придонесува македонските арбитри сè почесто да добиваат доверба за натпревари од меѓународен ранг.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар го освоија купот по драматична пенал серија

Кадетскиот тим на Вардар ја комплетираше фантастичната сезона со освојување на трофејот во Купот на Македонија, откако во големото финале го совлада Пелистер...

ИнтернационалциФудбал

Македонските фудбалски судијки ќе ја делат правдата на натпреварот Бугарија – Гибралтар

Македонски судиски тим предводен од судијката Ирена Велевачкоска ќе ја дели правдата на натпреварот од Лигата Ц, Група 2 во рамките на женската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!