Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар го освоија купот по драматична пенал серија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Кадетскиот тим на Вардар ја комплетираше фантастичната сезона со освојување на трофејот во Купот на Македонија, откако во големото финале го совлада Пелистер по изведувањето пенали и стигна до посакуваната двојна круна во својата категорија.

Во исклучително возбудлив и неизвесен натпревар, двете екипи прикажаа одличен фудбал, а по регуларните 90 минути резултатот беше нерешен 3:3.

„Црвено-црните“ одлично го отворија финалето и поведоа уште во третата минута преку Невзат Асани. Пелистер успеа да се врати во игра во 38. минута кога Енвер Фејзулаи погоди за 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме битолчани двапати доаѓаа до водство. Најпрво Мартин Талевски во 51. минута донесе предност од 2:1, но Вардар брзо одговори преку Админ Абдула кој во 64. минута израмни на 2:2. Само пет минути подоцна Јован Мрмачовски повторно го врати Пелистер во водство, носејќи му предност од 3:2.

Кога изгледаше дека трофејот ќе заврши во рацете на Пелистер, Вардар покажа карактер и борбеност. Во самиот финиш, на две минути пред крајот, Иво Марковски погоди за 3:3 и го одведе финалето во пенал-рулет.

Од белата точка повеќе присебност покажаа вардарци. Фудбалерите на Пелистер не реализираа два удари преку Јаков Пресилски и Јован Мрмачовски, додека играчите на Вардар четири пати беа прецизни за конечна победа од 4:2 на пенали, односно вкупни 7:5.

Со овој триумф, младите надежи на Вардар ја заокружија сезоната на најдобар можен начин, освојувајќи ги и шампионската титула и Купот на Македонија, потврдувајќи ја својата доминација во млади категории како и во кадетската конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!