Младински фудбалФудбал

Вардар со двојна круна во Купот на Македонија – пионерите и помладите пионери шампиони

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Вардар имаше одличен ден во финалните натпревари од Купот на Македонија во младинските категории, освојувајќи два трофеи на терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Пионерите на Вардар стигнаа до трофејот по убедливата победа од 3:0 над Македонија ЃП. „Црвено-црните“ поведоа во 15. минута преку Матеј Николов, а иако резултатот долго време остана непроменет, Вардар беше подобриот противник на теренот.

Во завршницата Македонија ЃП се обиде да дојде до израмнување, но вардарци знаеја како да го казнат ризикот на противникот. Адриан Велески во 90. минута зголеми на 2:0, додека Лука Јасмин Ѓорѓијев во судиското продолжение ги постави конечните 3:0 за заслужена прослава на куп-пехарот.

Успешниот ден за Вардар го комплетираа и помладите пионери, кои убедливо го совладаа Пелистер со 4:0 и го освоија вториот трофеј.

Најзаслужен за триумфот беше Огнен Јаков, кој постигна хет-трик. Тој го отвори резултатот во 20. минута, а десет минути подоцна повторно беше прецизен за 2:0. Во 36. минута Вардар доби пенал, но Јован Пашовски не успеа да го совлада голманот Огнен Божиновски.

Во второто полувреме Никола Јанкулоски во 65. минута зголеми на 3:0, а Јаков со својот трет погодок го постави конечниот резултат од 4:0.

Со овие две победи, Вардар ги освои пехарите во пионерска и помладо-пионерска конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!