Ракомет

РФМ го премести баражот меѓу Струга и Младост од Радовиш во Скопје

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот за пласман во машката Супер лига, кој првично беше закажан во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

Според официјалното соопштение на РФМ, натпреварот меѓу РК Струга и РК Младост наместо во Радовиш ќе се одигра во спортската сала „Антон Димитров“ – Бутел во Скопје, на 3 јуни 2026 година со почеток од 19:00 часот.

Од Федерацијата истакнуваат дека одлуката е донесена со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите.

Во меѓувреме, бараж натпреварот во женска конкуренција меѓу ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 останува во претходно утврдениот термин и локација. Овој дуел ќе се игра на 3 јуни во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 17:30 часот.

И двата бараж натпревари ќе бидат директно пренесувани на МРТ, а од РФМ им посакаа успех на сите екипи и фер, коректна и спортска борба на теренот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!