Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија без Љафтов во Европската лига !

Сподели
ФОТО:ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на претстојниот настап во Европската лига 2026, откако искусниот репрезентативец Александар Љафтов се здоби со сериозна повреда на пријателскиот натпревар против Црна Гора.

По извршените детални медицински прегледи е утврдено дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб, поради што ќе мора да мирува најмалку еден месец.

Отсуството на Љафтов претставува голем удар за македонската селекција, имајќи ја предвид неговата улога и долгогодишното искуство во националниот дрес.

Повредата се случи за време на подготвителниот натпревар со Црна Гора, кој беше дел од завршните проверки на македонската репрезентација пред стартот на европските настапи.

„Голем хендикеп за нас“, коментира селекторот Јошко Миленкоски. „Љафтов со своето искуство, квалитет и формата во која ја одигра оваа сезона комплетно подготвен се стави на располагање на репрезентацијата и реално ова е голем удар за нас. Изгледавме многу убаво на теренот на првиот натпревар, споредено со лани овој период, се функционираше одлично. И се случи повредата, откако противнички играч влезе во нашето поле и Љафтов на доскок згази на него“, вели селекторот.

Репрезентацијата од денеска е во Струмица каде ќе ја одработи завршната фаза од подготовките, а стручниот штаб е со дополнителни главоболки во дефинирањето на списокот.

„Остануваме без еден од лидерите на тимот, но ќе комбинираме со она што имаме на располагање. Овие неколку дена ќе ги искористиме тие две-три опции кои ги имаме за да најдеме најдобро решение и да направиме што повеќе комбинации кои ќе ни помогнат да го пополниме отсуството на Љафтов. Ќе работите на финесите и на дефинирање на тимот во пресрет на првите два натпревари. Исто така од денеска започнуваме и со анализи на Холандија и Луксембург, односно да видиме со какви противници ќе се соочиме и да поставиме тактика со која ќе може соодветно да одговориме на нивната игра“, додава Миленкоски.

Македонија во петок од 19 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе ја пречека Холандија во првиот меч од Европската лига 2026, додека на 7 јуни (недела) исто така од 19 часот се соочува со Луксембург.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!