Ракомет

Ојлески: „Испишавме историја за Охрид, заслужено го освоивме пехарот“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Историската европска титула донесе незаборавни моменти за сите во таборот на Охрид, а посебни емоции имаше кај капитенот Гоце Ојлески. Како еден од лидерите на тимот, тој не го криеше задоволството по освоениот Европски Куп и успехот кој засекогаш ќе остане запишан во историјата на клубот и градот.

Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот Ојлески, истакна дека триумфот е целосно заслужен, нагласувајќи дека Охрид одиграл на високо ниво во двата финални натпревари. Според него, борбеноста и пожртвуваноста на целиот тим биле клучни за освојувањето на трофејот.

„Ова е еден голем ден за нашиот град и за клубот. Направивме историја за Охрид, сметам дека заслужено победивме – во двата натпревари одигравме одлично. Вечерва бевме навистина борбени, момците изгинаа на терен, од прв до последен. Рано останавме без Иванковиќ поради црвениот картон, но тоа не нè демотивираше за да не стигнеме до пехарот – напротив сите се боревме и на крај заслужено победивме.“- изјави Ојлески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Капитенот и неговите соиграчи успеаја да го остварат сонот на многу генерации охридски ракометари и навивачи. Со европскиот трофеј во рацете, Охрид испиша нова страница во својата спортска историја и го круниса најуспешниот период во постоењето на клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново и тетовска Шкендија ги поделија бодовите

Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 во дуелот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Гостите од Тетово имаа предност...

Трета лигаФудбал

Тиверија повторно не се појави на теренот, Каменица Саса добива службени 3:0!

Натпреварот од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, меѓу Каменица Саса и Тиверија, не се одигра откако гостинскиот тим...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!