Ракомет

Ројевиќ: „Генерациите ќе го носат овој историски успех и овој трофеј“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид ја испиша најубавата страница во својата клупска историја со освојувањето на Европскиот Куп, а по историскиот успех емоциите не ги криеше ниту тренерот Борис Ројевиќ. Стратегот кој го предводеше тимот до европскиот трофеј зборуваше за предизвиците во финалето, поддршката од навивачите и значењето на овој успех за клубот и градот.

Во изјава за Спортска Мрежа, веднаш по финалето, Ројевиќ призна дека раниот црвен картон на Анте Иванковиќ бил сериозен удар за неговата екипа, но потенцираше дека тимот успеал брзо да се консолидира и да одигра на високо ниво и покрај скратената ротација. Тој упати благодарност до играчите, управата, навивачите и сите охриѓани кои биле дел од европската приказна.

„Рано останавме без Анте Иванковиќ поради црвениот картон, тоа беше шок, но брзо се созедовме и одигравме во една многу скратена ротација. Го освоивме Европскиот Куп уште во првата сезона, благодарение на овие момци, управата и овие одлични навивачи..благодарение на овој град кој така ни даде поддршка во изминативе неколку месеци, така што секој ден поминат во Охрид беше преубав и некако луѓето ни даваа енергија и буквално нè ‘туркаа’ напред и еве дојдовме до овој историски момент за Охрид, генерациите ќе го носат овој историски успех и овој трофеј.“

ФОТО: ГРК Охрид

Тренерот на Охрид се осврна и на настапите во домашното првенство, оценувајќи дека неговиот тим заслужил повисок пласман. Според него, фокусот кон европските натпревари влијаел врз резултатите во Супер Лигата, но нагласи дека верувал оти напорната и чесна работа ќе биде наградена со голем успех.

„Мислам дека сезонава го заслуживме и второто место во Супер Лигата и бевме подобри, меѓутоа ете.. мечот против Пелистер ни дојде во незгоден момент, пред финалниот меч со Татабања, со мислите бевме таму. Претходно, со Вардар не отпатувавме комплетни, исто така поради ЕХФ Купот..некако повеќе се базиравме на Европа..кога немавме меч во Европа, игравме одлично на тие натпревари и ги добивавме сите дерби-мечеви..но како и да е..можеби ова е доволно за оваа прва година. Знаев дека ќе ни се врати тој куп во Струмица, сè што ни се случи таму и знаев дека заслуживме..баш и пред да излезам на терен си помислив дека треба да ни се врати тоа што го заслужуваме. А знаев дека сме заслужиле бидејќи чесно работевме цела година.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со европскиот трофеј во рацете, Борис Ројевиќ и неговите избраници ја крунисаа една незаборавна сезона. Историскиот успех не е само награда за вложениот труд, туку и потврда дека Охрид денес заслужено стои меѓу европските ракометни победници.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!