Останато

Македонските атлетичари со медали, рекорди и национален рекорд на Европското првенство во Монако

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Македонската атлетска репрезентација оствари одлични резултати на European Challenger Championship Monaco 2026, освојувајќи неколку медали, лични рекорди и поставувајќи нов национален рекорд.

Најуспешен македонски претставник беше Андреас Трајковски, кој го освои првото место во дисциплината скок во далечина со одличен резултат од 7.62 метри.

Успешен настап имаше и Јован Стојоски, кој се закити со бронзен медал на трката на 400 метри со пречки, завршувајќи со време од 53.80 секунди.

На победничкиот пиедестал се искачи и Огнен Стефановски, кој го освои третото место на 110 метри со пречки. Притоа, тој постави нов личен рекорд од 14.68 секунди.

Бронзен медал освои и Брајан Авиа во скок во височина, откако успешно прескокна висина од 2.00 метри.

Во женска конкуренција, Мелиса Димитриоски го освои седмото место на 100 метри и постави нов личен рекорд од 12.31 секунди.

Михаил Петров го заврши настапот на 400 метри на десеттата позиција со резултат од 49.36 секунди.

Одличен резултат забележа и македонската штафета во дисциплината 100-200-300-400 метри, позната како шведска штафета. Македонските атлетичари го освоија четвртото место и поставија нов национален рекорд со време од 1:55.08.

Настапот во Монако претставува уште една потврда за напредокот на македонската атлетика, која продолжува успешно да се претставува на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!