Втора лигаПрва лигаФудбал

Столевски: Бев сигурен каде ќе шутира Ивановски, анализата ни донесе историски успех

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели



Херојот на историскиот успех на Шкендија Арачиново е голманот Антонио Столевски. Прилепскиот „пантер“ беше човекот на одлука во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, каде со своите одбрани го одведе својот тим до најголемиот успех во клупската историја.

Во натпревар исполнет со неизвесност, Столевски најпрво блесна во регуларниот дел кога му одбрани пенал на капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, оставајќи ја Шкендија во игра за историскиот сон. По резултатот 1:1 во основните 90 минути, победникот беше решен преку пенал рулетот, а токму таму 23-годишниот чувар на мрежата повторно стапи на сцена.

Столевски одбрани неколку удари од белата точка и беше најзаслужен што Шкендија Арачиново славеше во пенал серијата и обезбеди историски пласман во елитното друштво, додека Пелистер се пресели во Втората лига.

Голманот зад себе има сезона за паметење. Во текот на целата натпреварувачка година беше еден од најконстантните поединци во составот на Шкендија Арачиново, а посебно се истакна со серијата натпревари без примен гол, со што го привлече вниманието на фудбалската јавност.

По големиот успех, Столевски за Спортска Мрежа ги сподели своите први впечатоци.

„Најпрво за одбранетиот пенал во играта, анализиран ни беше Ивановски бев сигурен дека таму ќе шутира. Пенал серијата, исто така, имавме со мојот тренер доста играчи анализирано и тоа ни успеа. Ова е историја за Арачиново, денес Господ беше со мене, нека ова биде само почеток“, изјави Антонио Столевски за Спортска Мрежа.

Младиот голман, кој има само 23 години, зад себе веќе има богато искуство на македонските терени. Во досегашната кариера ги бранеше боите на Победа, Кожуф, Караорман, Велешта, Брегалница, Слога Виница, а сега и на Шкендија Арачиново, каде со своите интервенции засекогаш ќе остане запишан во клупската историја како човекот кој го отвори патот кон Првата македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!