Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели



Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма, наместо 12 екипи како во сезоната која измина, следната сезона ќе бидат десет екипи.

Конкуренцијата ќе биде далеку потешка како за титула и излез во Европа, така и за опстанок.

Членови на фудбалската елита за сезона 2026/2027 ќе бидат шампионот Вардар, Шкендија, Струга Трим Лум, Силекс, Тиквеш, Арсими, Башкими, Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново.

Брегалница стана шампион во Втората лига и обезбеди директен влез, Скопје го доби бараж дуелот со Брера Струмица, а пак Шкендија Арачиново го доби Пелистер.

По градови најмногу прволигашки ќе има од Скопје: Вардар, Скопје и Шкендија Арачиново, по еден претставник ќе има од Тетово, Струга, Кратово, Кавадарци, Чегране (гостиварско), Куманово и Штип.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!