Останато

Љупчо Крстев му донесе балканско сребро на Радовиш: Членот на Адреналин блесна во Нови Сад

Сподели
Сподели



Радовиш и македонскиот кик-бокс добија уште една причина за гордост, откако младиот натпреварувач Љупчо Крстев освои сребрен медал на Балканското првенство кое викендов се одржа во Нови Сад, Србија.

Крстев, кој е член на Кик-бокс клубот Адреналин од Радовиш, настапи во составот на македонската репрезентација под организација на WAKO и остави одличен впечаток на своето прво учество на едно вакво големо меѓународно натпреварување.

Радовишанецот успеа да стигне до финалето и да го освои второто место, закитувајќи се со сребрен медал на Балканскиот шампионат.

Од Кик-бокс клубот Адреналин не го криеја задоволството од успехот на својот натпреварувач, истакнувајќи дека Крстев достојно ги претставувал Македонија, својот клуб и родниот Радовиш.

Особено значајно е што ова беше негов прв настап на Балканско првенство, каде покажа исклучителен стил на борење, самодоверба и квалитет кој ветува уште многу успеси во иднина.



Освоениот сребрен медал претставува големо признание за вложениот труд на младиот спортист, но и за работата на Кик-бокс клубот Адреналин, кој продолжува да создава успешни натпреварувачи и достојно да го претставува Радовиш на домашната и меѓународната сцена.

Балканското сребро на Љупчо Крстев е само потврда дека пред него стои светла спортска иднина, а воедно и мотив за нови предизвици, успеси и медали во годините што следуваат.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!