РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски: Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме, против БиХ покажавме добри работи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Утре Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против Турција во Истанбул, репрезентација која ќе учествува на Светското првенство.

Македонскиот репрезентативец Езган Алиоски, истакна дека овие натпревари може многу да се научи, а секој меч е ново искуство и нов чекор напред за тимот.

„Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец зборуваше и за значењето на дресот со број 10, кој го носи во отсуство на капитенот Енис Барди.

„Голема чест е да се носи тој број во националниот тим. Сепак, најважно е она што ќе го покажеш на теренот. Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси“, истакна Алиоски.

Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра утре на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!