Втора лигаФудбал

Струмица следната сезона ќе гледа градско дерби во Втората лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Струмица од следната сезона повторно ќе има градско фудбалско дерби, но во рамките на Втората македонска фудбалска лига.

Екипата на Брера Струмица не успеа да го задржи прволигашкиот статус, откако во бараж натпреварот загуби од Скопје со минимални 0:1. Со оваа победа, „пиратите“ од Автокоманда обезбедија враќање во елитното друштво, додека струмичани се преселија во второлигашката конкуренција.

Така, по неколкугодишна пауза, љубителите на фудбалот во Струмица повторно ќе имаат можност да следат градско дерби меѓу Беласица и Брера, кое сигурно ќе привлече големо внимание во текот на новата сезона.

Брера, поранешен освојувач на Купот на Македонија и клуб кој настапуваше и на европската сцена, ќе се обиде експресно да се врати во Првата лига, додека Беласица и натаму ќе ги негува своите амбиции за враќање меѓу најдобрите.

Во сезоната 2026/27, Струмица ќе има два свои претставници во Втората македонска фудбалска лига, но за првпат по подолго време нема да има клуб во прволигашката конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!