Ракомет

Николиќ и Илиќ пристигнаа во Младост: Богданчани го засилуваат тимот пред баражот за Супер лига против Струга

Сподели
Сподели



РК Младост 1977 од Богданци влегува максимално подготвен во најважниот натпревар сезонава. Во пресрет на баражот за пласман во Супер лигата, клубот го засили својот играчки кадар со двајца искусни ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет и сигурност во клучниот меч за враќање меѓу македонската ракометна елита.

Нови членови на тимот се црногорскиот лев бек Богдан Николиќ и српскиот голман Живојин Илиќ, двајца ракометари со богато искуство, интернационални настапи и победнички менталитет.

Од клубот веруваат дека нивното присуство ќе биде значајно засилување во обидот да се оствари големата цел – пласман во Супер лигата.

Младост сезонава го освои второто место во Првата ракометна лига и преку бараж ќе има можност да обезбеди враќање во најсилното домашно натпреварување. Противник на тимот од Богданци ќе биде суперлигашот Струга.

Натпреварот се игра во среда во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 19:30 часот, а интересот за овој дуел е огромен.

Во пресрет на натпреварот се мобилизира целото богданско поднебје. Освен од Богданци, поддршка за Младост се најавува и од Гевгелија, Валандово и Дојран, со цел салата во Радовиш да биде исполнета и тимот да ја има потребната поддршка во борбата за враќање во Супер лигата.

„Сега е моментот кога сите сме едно – играчите, стручниот штаб и нашата верна публика заедно во битката за Супер лига“, порачуваат од РК Младост 1977.

Среда носи голем ракометен спектакл во Радовиш, а Младост ќе се обиде со помош на своите навивачи да направи уште еден чекор и повторно да стане дел од суперлигашкото друштво.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!