Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Јанг Тим шампион во ФФМ Детската лига: Стружани ја освоија титулата, Илоски прогласен за најдобар голман

Сподели
Сподели



Фудбалската школа Јанг Тим од Струга уште еднаш потврди дека е една од најквалитетните и најорганизираните школи во Македонија, откако генерацијата 2014 стана шампион во ФФМ Детската лига.

Младите стружани до шампионскиот трофеј стигнаа по одлични настапи во нокаут фазата, покажувајќи карактер, квалитет и победнички менталитет во секој натпревар.

На патот до титулата, Јанг Тим во осминафиналето го совлада Атлетико со убедливи 5:1, а во четвртфиналето по голема бо

рба одигра 2:2 против Карев, по што славеше со 3:0 на пенали.

Во полуфиналето избраниците на тренерскиот тандем Милот Лена и Сеит Крека го елиминираа Бутел со победа од 2:1, додека во големото финале одиграа 0:0 против Парк и повторно беа поуспешни во пенал-рулетот, триумфирајќи со 3:1 за големо славје и шампионски пехар.

Дополнително признание за успешната сезона доби и голманот на Јанг Тим, Леонид Илиоски, кој беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир.

Овој успех е уште една потврда за квалитетната работа која со години се реализира во струшкиот клуб. Јанг Тим важи за една од најдобрите фудбалски школи во Македонија, од која произлегле голем број талентирани фудбалери, а школата континуирано работи на развојот на младите категории.

Тренерите Милот Лена и Сеит Крека уште еднаш на дело покажаа дека се работи за стручњаци кои знаат како да работат со младите фудбалери, создавајќи генерации кои успешно се натпреваруваат и освојуваат трофеи.



Јанг Тим е препознатлив и по своите настапи на бројни меѓународни турнири низ Европа, каде редовно ги претставува Струга и Македонија на најдобар можен начин. Амбициите на клубот продолжуваат и во наредниот период, а една од следните станици ќе биде и првото издание на меѓународниот турнир „Охрид Куп 2026“, каде младите стружани повторно ќе имаат можност да го покажат својот потенцијал.

Шампионската титула во ФФМ Детската лига е само уште една потврда дека во Јанг Тим се работи посветено, професионално и со јасна визија за создавање на идните фудбалски ѕвезди.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!