Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс или Влазними – борба за Втора лига

Сподели
Сподели



Денес на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот бараж натпревар за влез во Втора лига. Тетекс ќе бара опстанок во Втора лига против шампионот на Трета лига – Југозапад, Влазними од Струга.

Темпото на натпревари, квалитетот на натпреварите, натпреварувачкиот ритам, како и искуството е на страната на „штофарите“. Влазними стана шампион во регион каде имаше десет екипи, а на полусезона Велешта беше исфрлена од натпреварување, па во секое коло имаше и слободна екипа, па со тоа се нарушува натпреварувачкиот ритам.

Стружани зад себе имаа одлична сезона и стигнаа до шампионскиот пехар, а денес е исправени пред нов предизвик на 90 минути од Втора лига.

Вчера екипата на Кожуф го потврди опстанокот во Втора лига откако убедливо го доби Кожуф, Камјани славеше над Победа Валандово во соочување на два третолигаши, а пак третолигашот Еуромилк ГЛ се врати во Втора лига, откако славеше над сега веќе екс второлигашот Каменица Саса.

Дополнително, денес ќе бидат познати и последните два патника во Втора лига со прволигашките баражи – во Битола ќе се соочат Брера Струмица и Скопје, а во Кавадарци ќе играат Пелистер и Шкендија Арачиново.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Спорт тим против Вардар за кадетската титула

Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал фор“ турнирот во М16 лигата-жени, домаќинот беше подобар од екипата на Петровски (47:37). Екипата на Спорт тим...

Кошарка

Водно Санс убедливо го преслуша Феникс и закажа финале со Вардар во М16 лигата

Кадетите на Водно Санс обезбедија пласман во големото финале на завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција, откако во полуфиналето убедливо го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Кожуф ја оствари целта, Иван Варадиновски поднесе оставка по обезбедениот опстанок во Втора лига

Младиот штипски стратег Иван Варадиновски повеќе не е шеф на стручниот штаб...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Брера и Скопје, Игор Стојчевски на Пелистер и Шкендија Арачиново

Утре се играат бараж натпревари за Првата македонска фудбалска лига, а вечерва...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски пред нов предизвик? Македонскиот стратег во комбинација за клупата на Олимпија Љубљана

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски ја заврши својата етапа во Радомље по...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!