Втора лигаПрва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Брера и Скопје, Игор Стојчевски на Пелистер и Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Утре се играат бараж натпревари за Првата македонска фудбалска лига, а вечерва беа делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата.

Во Битола екипата на Брера Струмица ќе се бори за опстанок против второлигашот Скопје, а правдата ќе ја дели Фатмир Бафто, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Александар Ѓорѓески, а пак четврт судија е Фуркан Идризи.

ВАР судија е Доне Ристовски, а пак АВАР судија е Тоше Ицев, делегат ќе биде Дарко Китановски, а контролор е Иљир Села.

Оператор за повторување на снимката е Матеј Димитриевски, комесар за безбедност на ФФМ е Емин Кранли, а комесар за безбедност ќе биде и Стојан Глигоров.



Во Кавадарци екипата на Пелистер ќе се бори за опстанок против второлигашот Шкендија Арачиново, а правдата ќе ја дели Игор Стојчевски, негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, а пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а АВАР судија е Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски.

Делегат е Кочо Зердески, а контролор е Дејан Јакимоски. Комесар за безбедност на ФФМ е Зоран Саздов, а комесар за безбедност ќе биде и Љупчо Ралевски.

Двата натпревари ќе започнат во 16:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!