Втора лигаФудбал

Кожуф ја оствари целта, Иван Варадиновски поднесе оставка по обезбедениот опстанок во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели



Младиот штипски стратег Иван Варадиновски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Кожуф. Само неколку часа по обезбедениот опстанок во Втората македонска фудбалска лига, Варадиновски ексклузивно за Спортска Мрежа потврди дека поднесува оставка и ја завршува својата етапа на клупата на гевгелискиот второлигаш.

Кожуф денеска на Градскиот стадион во Кочани ја оствари најважната цел за сезоната, откако во баражот за опстанок со убедливи 4:0 го совлада шампионот на Трета лига – Југ, Борец. Со оваа победа, клубот од Гевгелија обезбеди и следната сезона да биде дел од второлигашкото друштво, додека Борец останува член на Трета лига – Југ.

Иако на крајот мораше да игра бараж, Кожуф до последните неколку кола беше во сериозна трка за директен опстанок во Втората лига. Тимот освои 45 бодови и долго време беше над опасната зона, но поради кратењето на лигата и специфичниот систем според кој дури пет екипи испаѓаа директно, а три играа бараж, гевгеличани беа принудени да ја бараат својата шанса преку дополнителен натпревар.

Сепак, целта беше исполнета. Кожуф ќе игра второлигашки фудбал и следната сезона, а зад клубот останува сезона која, и покрај сите предизвици, може да се оцени како успешна. Тимот забележа 12 победи, девет ремија и девет порази, со вкупно освоени 45 бодови, што е најдобар бодовен учинок на клубот во последните неколку сезони.



Токму затоа, и покрај фактот што сезоната заврши со бараж, резултатот кој го оствари Варадиновски заслужува респект. Младиот тренер ја исполни задачата со која беше доверен тимот и го остави Кожуф во Втората лига.

Во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, Варадиновски ја потврди својата одлука да се повлече од функцијата.

„Дефинитивно комплициран период да се биде тренер на ФК Кожуф, сепак големо искуство и предизвик за мене, искрено потешко беше да се менаџираат работите надвор од теренот отколку на самиот терен. Со оглед на сите околности сметам дека опстанокот е успех за клубот и за мене како тренер“, изјави Варадиновски за Спортска Мрежа.

Тој упати благодарност до сите кои беа дел од клубот во текот на сезоната.

„Благодарност до играчите и сите луѓе инволвирани во клубот, посебен поздрав и благодарност до навивачката група „Фантоми“ за безрезервната поддршка на сите натпревари, а на клубот му посакувам се најдобро во иднина“, надополни Варадиновски во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Со оваа одлука, Иван Варадиновски станува слободен тренер и својата кариера ќе ја продолжи во нова средина. Зад него останува успешна сезона во која ја исполни зацртаната цел и му обезбеди на Кожуф место во Втората македонска фудбалска лига и за натпреварувачката сезона 2026/2027.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако...

ИнтернационалциФудбал

Прв ангажман во странство: Стратегот Ѓорѓи Мојсов го презема српски Земун

Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов има нов тренерски предизвик надвор од македонските граници,...

Прва лигаФудбал

Масар Омерагиќ одржа состанок со претставниците од ПМФЛ, со цел подобрување на фудбалот

Во „Куќата на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ,...

Втора лигаФудбал

Прва тренерска оставка во Втората лига: Иван Варадиновски се повлече од Новаци

Падна првата тренерска оставка во Втората македонска фудбалска лига оваа сезона, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!