Турнири

Победа за Фурна Марфи, сигурен триумф на Фенербахче, реми со осум погодоци!

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа натпреварите од втората вечер од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“.

На првиот меч Маџир Мале беше поразен од Фурна Марфи со резултат од 3:4, во меч каде за поразениот тим хет-трик постигна Ибраимов, а пак за радовишкиот тим Милев и Свирков постигнаа по еден гол, а пак Васиелв беше двоен стрелец.

Во вториот меч Фенербахче со 3:1 славеше над Парналија Спор каде за победничкиот тим Демов постигна еден гол, а пак Ибушев беше двоен стренец, додека пак за Парналија погоди Адемов.

Во третиот меч Куклиш  Баджо Компанија во регуларниот дел одиграа 4:4, а пак на пенали подобра беше екипата на Куклиш со резултат од 2:1. За екипата на Куклиш стрелци беа Митрев, Митров, Велков и Кучуков, а пак за екипата на Баджо стрелец на сите четири погодоци беше Садилов.

Утре на програмата ќе бидат нови три натпревари, од 19 часот Наше Маало против Ери Градба, од 20 часот Црна Река против Конче, а од 21 час Црна Река ќе игра со Криго Трејд Куклиш.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!