Иако сезоната во Трета лига – Исток донесе многу турбуленции, откажувања и дисциплински проблеми кај одредени клубови, сепак имаше и позитивни примери кои заслужуваат посебно внимание. Еден од нив е ФК Ударник од Пирава, кој официјално е фер-плеј екипа за сезоната 2025/2026.
Тимот од Пирава покажа како треба да изгледа спортски и дисциплиниран колектив, завршувајќи ја сезоната со најмал број картони во лигата. Ударник доби само 16 жолти картони во текот на целата сезона и е единствениот тим кој остана под границата од 20 жолти картони.
Она што дополнително го издвојува клубот е фактот што Ударник нема ниту еден црвен картон кај фудбалерите, а исто така нема ниту еден жолт или црвен картон кај службените лица. Со тоа, тимот од Пирава испрати силна порака дека и во понизок ранг може да се игра фер, спортски и дисциплинирано.
- Во продолжение следува комплетната фер-плеј листа за сезоната во Трета лига – Исток:
ФК Карбинци – 44 жолти, 0 втори жолти, 0 црвени | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Хоризонт Турново АД – 35 жолти, 0 втори жолти, 1 црвен | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Рудар 1947 Пробиштип – 23 жолти, 2 втори жолти, 1 црвен | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Дојранско Езеро – 31 жолт, 1 втор жолт, 1 црвен | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Тиверија – 20 жолти, 0 втори жолти, 1 црвен | службени лица: 3 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Ударник – 16 жолти, 0 втори жолти, 0 црвени | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Победа Валандово – 30 жолти, 0 втори жолти, 0 црвени | службени лица: 4 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ЗС Овче Поле – 29 жолти, 2 втори жолти, 3 црвени | службени лица: 2 жолти, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ОФК Малеш – 38 жолти, 1 втор жолт, 0 црвени | службени лица: 1 жолт, 0 втори жолти, 0 исклучувања
ФК Светлост Зрновци – 23 жолти, 1 втор жолт, 0 црвени | службени лица: 0 жолти, 0 втори жолти, 1 исклучување
ФК Брегалница 1926 – 31 жолт, 1 втор жолт, 2 црвени | службени лица: 1 жолт, 0 втори жолти, 0 исклучувања
Покрај фер-плеј статистиката, сезоната донесе и интересна битка за најдобар стрелец, а таму убедливо првото место му припадна на Тоше Манов од Овче Поле.
Манов одигра фантастична сезона и постигна дури 21 погодок, со што убедливо заврши како најдобар стрелец во Трета лига – Исток.
На второто место се најде Марио Атанасовски од Карбинци со 16 постигнати голови, додека трет е искусниот Дејан Блажевски – популарниот „Шиле“, кој постигна 12 погодоци за некогашниот вицешампион Хоризонт Турново.
Во самиот врв на листата се најде и Никола Костадинов од шампионот Победа Валандово со девет погодоци.
Додека Победа Валандово ја освои шампионската титула и обезбеди бараж за Втора лига, Ударник од Пирава покажа дека фудбалот не се игра само за резултат, туку и за спортски дух, дисциплина и фер-плеј однесување.