Трета лигаФудбал

Парични казни и одземени бодови за Брегалница Делчево и Малеш Берово

Сподели
Сподели



Дисциплинската комисија при Трета лига – Исток донесе одлуки за екипите кои не ги одиграа натпреварите од последното коло во сезоната.

Екипите на Брегалница Делчево и Малеш Берово се казнети со парична казна од по 250 евра, а дополнително им беа одземени и бодови.

Тимот на Брегалница Делчево не допатува во Валандово за натпреварот против новиот шампион Победа Валандово. Шампионскиот пехар од страна на претседателот на Трета лига – Исток беше доделен без шпалир од противникот, кој не дојде на овој меч.

Наместо спортски шпалир за шампионот, екипата од Делчево, која само еден ден претходно прослави 100 години постоење, не се појави на стадионот во Валандово, па натпреварот беше регистриран со службени 3:0 во корист на Победа.

Малеш од Берово, пак, не допатува во Свети Николе за дуелот против Овче Поле, поради што и овој натпревар беше регистриран со службени 3:0.

Одземањето на бодовите од контото на овие две екипи предизвика и мали промени на табелата во Трета лига – Исток.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПОБЕДА Валандово 🔼 18 15 2 1 48 12 +36 47
2 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 🔽 18 14 1 3 55 20 +35 43
3 ФК УДАРНИК ➖ 18 11 4 3 50 26 +24 37
4 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД ➖ 18 10 4 4 45 28 +17 34
5 ФК КАРБИНЦИ 🔼 18 5 6 7 31 29 +2 21
6 ФК Брегалница 1926 (-3) 🔽 18 6 4 8 26 31 -5 19
7 ФК ТИВЕРИЈА (-3) ➖ 18 5 2 11 38 49 -11 14
8 ОФК МАЛЕШ (-3) ➖ 18 3 4 11 21 45 -24 10
9 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО ➖ 18 1 3 14 17 69 -52 6
10 ФК РУДАР 1947 Пробиштип (-9) ➖ 10 3 2 5 12 14 -2 2
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ (-9) ➖ 10 0 4 6 12 32 -20 -5

Сподели
Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Пелистер – Шкендија Арачиново | Бараж за Прва лига

Во ЖИВО од Кавадарци – бараж за влез во Првата македонска фудбалска...

Втора лигаПрва лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Брера – Скопје | Бараж за Прва лига

Во ЖИВО од Битола – бараж за влез во Првата македонска фудбалска...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер и Брера фаворити за опстанок, второлигашите подготвени за елитата!

Денес ќе бидат одиграни бараж натпреварите за пополнување на последните место во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!