Втора лигаФудбал

Филип Димоски блесна во Втората лига: 16 голови и сезона за паметење зад напаѓачот на Осогово

Сподели
Сподели



Фудбалерот на Осогово, Филип Димоски, зад себе има импресивна сезона во Втората македонска фудбалска лига, потврдувајќи дека е еден од најдобрите напаѓачи во второлигашката конкуренција.

26-годишниот голгетер сезоната ја заврши со вкупно 16 постигнати погодоци, од кои три во есенскиот дел во дресот на Победа од Прилеп, додека дури 13 голови постигна во пролетниот дел како фудбалер на Осогово, откако зимава направи трансфер во кочанскиот клуб.

Димоски беше еден од клучните играчи во редовите на популарните „жетвари“, а во повеќе наврати сам решаваше натпревари и носеше важни бодови за својот тим. Во дресот на Осогово оваа сезона запиша и два хет-трика, што е уште една потврда за неговата голема голгетерска форма.

Одличните партии му донесоа место во топ четири зоната на листата на најдобри стрелци во Втората лига, а ова воедно е и најдобрата сезона во кариерата на искусниот офанзивец.

Осогово сезоната ја заврши на високото шесто место на табелата, а токму Димоски беше еден од најзаслужните за успешната сезона на тимот од Кочани.



Во текот на својата кариера, покрај за Осогово и Победа, настапуваше и за Охрид, Детонит Плачковица, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино и 11-ти Октомври, клубот каде ги направи своите први фудбалски чекори.

Со сезоната која ја има зад себе, Филип Димоски уште еднаш покажа дека станува збор за напаѓач кој знае како се решаваат натпревари и како се тресе противничката мрежа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!