ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Влазними Јуниор од Пресил го освои Купот на ОФС Прилеп по драматично финале со 10 голови

Сподели
Сподели



Екипата на Влазними Јуниор од Пресил е нов освојувач на Купот на ОФС Прилеп, откако во едно неверојатно и драматично финале славеше над Братство 07 од Житоше по изведување на пенали.

Регуларниот дел донесе вистинска голеада и дури десет погодоци, а натпреварот заврши без победник со резултат 5:5. По големата борба и неизвесноста во текот на сите 90 минути, победникот мораше да биде решен преку пенал рулетот.

Во серијата пенали повеќе присебност и концентрација покажаа фудбалерите на Влазними Јуниор, кои триумфираа со 6:5 и сосема заслужено се радуваа на шампионскиот пехар. За тимот од Житоше, кој во минатото беше и второлигаш, пеналите се покажаа како кобни во борбата за трофејот.

Пехарот на победничката екипа го додели Комесарот за натпревари при Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, Љубе Ристевски.



Правдата на финалниот натпревар ја делеше Иле Мишески, а негови асистенти беа Димитар Здравески и Филип Боцески, додека делегат на средбата беше Љубе Ристевски.

Финалниот натпревар помина во фер и коректна атмосфера, а уште еднаш беше потврдено дека ОФС Прилеп претставува одлично организиран фудбалски сојуз, кој успешно ги организира натпреварувањата во Општинската лига, односно Четвртата и Петтата лига, како и Купот на ОФС Прилеп.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!