Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

КФСМ ги избра селекторите за младинските кошаркарски репрезентации

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија ги дефинираше стручните штабови на младинските национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат државата на европската сцена.

Македонија ќе настапи на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција, а покрај сениорскиот национален тим, европски предизвици ги очекуваат селекциите „Под 20“, „Под 18“ и „Под 16“ години во машка конкуренција, како и женската репрезентација „Под 18“ години.

За селектор на машката репрезентација „Под 20“ години е назначен Никола Велев, актуелен асистент во сениорската репрезентација на Македонија и во романскиот ЦСУ Тарговиште. Тој ќе ја предводи селекцијата на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава, кое ќе се одржи од 10 до 19 јули.

Миодраг Тодоровиќ е нов селектор на машката репрезентација „Под 18“ години. Тренерот на Маџари ќе ја води јуниорската селекција на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 24 јули до 2 август ќе се игра во Ријека и Опатија.

Дејан Стојановски ќе биде на чело на машката репрезентација „Под 16“ години. Тренерот во младинските категории на германски Олденбург ќе ја предводи селекцијата на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ова лето ќе се одржи во Скопје и Гевгелија, од 6 до 15 август.

Женската репрезентација „Под 18“ години ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во романскиот град Тулчеа, кое ќе се игра од 31 јули до 9 август. Селекторската улога му е доверена на Виктор Петровски, тренерот на актуелниот шампион Крива Паланка.

Во рамки на развојниот проект на ФИБА, активностите продолжуваат и за двете селекции „Под 14“ години. Машката селекција ќе ја води Мартин Атанасовски од МКК Куманово, додека женската репрезентација ќе биде предводена од Никола Петровски од КК Петровски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!