Кошарка

Неготино подготвено за финалниот турнир М16 во женска конкуренција

Сподели
Сподели

Женскиот кошаркарски клуб „Спорт тим“ ќе биде домаќин на завршниот турнир во кадетска конкуренција (М16), откако ја доби организацијата на лицитацијата спроведена од канцеларијата за младински лиги при Кошаркарската федерација на Македонија.

Со овој турнир ќе биде заокружена сезоната 2025/2026 во кадетска женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Младост“ во Неготино, во „Ф4“ формат, а четирите најдобри екипи ќе се борат за шампионската титула.

Полуфиналните средби се закажани за 30 мај, кога ќе се сретнат Пробаскет и Вардар, односно Спорт тим и Петровски. Финалниот ден е на програмата на 31 мај, кога ќе биде познат новиот шампион во М16 конкуренција.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

30.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

15.00: Пробаскет – Вардар (1)

18.00: Спорт тим – Петровски (2)

31.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00? ПОРАЗЕН 1 – ПОРАЗЕН 2

ФИНАЛЕ

18.00: ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2

 Организаторот го задржува правото за промена на термините на одигрување на натпреварите

 Натпреварите ќе се играат во салата „Младост“ во Неготино.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

Поврзани написи
Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

Кошарка

Димитријевиќ со 14 поени и пет асистенции во големата победа на Арис над Панатинаикос

Ненад Димитријевиќ беше меѓу носителите на играта на Арис во победата над...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!