Ракомет

Радовиш домаќин на баражите за Супер лигата: Пелистер, Ѓорче Петров 2, Струга и Младост ќе се борат за елитата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш на 3 јуни ќе биде центарот на македонскиот ракомет, откако Ракометната федерација на Македонија официјално потврди дека токму таму ќе се одиграат бараж натпреварите за пласман во Супер лигата во машка и женска конкуренција.

Програмата започнува од 17:00 часот со женскиот бараж натпревар, во кој силите ќе ги одмерат ЖРК Пелистер 2012 и Ѓорче Петров 2. Битолчанки ќе се борат за опстанок во суперлигашкото друштво, додека екипата од Ѓорче Петров 2 ќе се обиде да избори пласман во елитната конкуренција.

Во вечерниот термин од 19:30 часот ќе се игра машкиот бараж дуел помеѓу РК Струга и РК Младост 1977 од Богданци. Стружани ќе атакуваат на опстанок во Супер лигата, а амбициозниот состав од Богданци ќе се обиде да обезбеди враќање меѓу најдобрите македонски ракометни екипи.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање

Се очекуваат два неизвесни и возбудливи натпревари со огромен влог, бидејќи победниците ќе обезбедат место во Супер лигата за следната натпреварувачка сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!