Ракомет

Пелистер го доби директниот дуел со Алкалоид и завери место во Европската лига!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Еурофарм Пелистер со победа ја затвори сезоната и го обезбеди второто место во домашниот шампионат, откако во Битола го совлада Алкалоид со 31-26. Со овој триумф, битолчани обезбедија место во групната фаза од Европската лига на ЕХФ и ја исполнија главната цел пред крајот на сезоната.

Натпреварот започна подобро за гостите од Скопје, кои преку цврста игра и сигурна реализација поведоа со 0-3. Домашниот состав имаше проблеми во нападот и не реализираше ниту еден од трите пенали во воведните минути. Сепак, Пелистер постепено го фати ритамот и се врати резултатски, иако Алкалоид во еден момент повторно стигна до највисоки „плус три“ (9-12).

ФОТО: РК Алкалоид

Дополнителен проблем за гостите беше повредата на поранешниот пелистерец- Урош Борзаш, кој по еден незгоден доскок мораше да го напушти теренот, поради повреда. До паузата битолчани успеаја да ја намалат негативата и на одмор заминаа со само еден гол заостанување (14-15).

ФОТО: РК Алкалоид

Клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме, кога Алкалоид влезе во серија технички грешки, а Пелистер тоа максимално го искористи за комплетен резултатски пресврт. Одбраната на Саид Хаидаридад внесе сигурност, додека Радивојевиќ и соиграчите во нападот донесоа предност која постојано растеше.

Во продолжението домашниот тим целосно ја контролираше играта и со неколку врзани голови стигна и до четири гола разлика, што беше доволно за мирен финиш и големо славје во салата „Боро Чурлевски“.

ФОТО: РК Алкалоид

Најефикасен кај победникот беше Филип Кузмановски со седум погодоци, а значајна улога имаше и голманот Хаидаридад со осум одбрани во второто полувреме. Кај Алкалоид, Дамјан Митев постигна седум гола, додека Филип Николов натпреварот го заврши со пет реализации.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!