Ракомет

Европското финале ќе се следи и во фан зона – Охрид подготвува спектакл!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ги повика своите навивачи заедно да ја проследат најважната битка во клупската историја, реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања.

Од клубот информираа дека за големото финале ќе биде организирана фан зона, каде сите поддржувачи ќе можат заедно да го следат натпреварот во живо на лед екран и да бидат дел од атмосферата во борбата за европскиот трофеј.

ФОТО: ГРК Охрид

Во Охрид веќе владее вистинска еуфорија пред историскиот меч, а од клубот се надеваат на позитивен резултат и заедничка прослава со навивачите по крајот на натпреварот.

Реванш- финалето меѓу ГРК Охрид и МОЛ Татабања се игра в недела од 20:00 часот, кога охриѓани ќе се обидат да испишат нова страница во македонскиот ракомет.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!