Ракомет

Младиот репрезентативец блиску до потпис со Целје!

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев би можел кариерата да ја продолжи во словенечкиот гигант Целје. Според информациите, талентираниот десен бек е пред трансфер во поранешниот европски шампион, откако со своите настапи сезонава остави силен впечаток во домашниот шампионат.

Дваесетгодишниот ракометар настапуваше за Бутел Скопје и беше еден од позабележителните млади играчи на својата позиција. Со добрите партии го привлече вниманието на повеќе клубови, а најсериозен интерес покажал токму словенечкиот состав.

ФОТО: РК Бутел

Узунчев, зад себе веќе има искуство во македонските клубови Алкалоид и Мулти Есенс, а редовно е дел и од младинските национални селекции на Македонија. Станува збор за ракометар кој важи за еден од најперспективните во својата генерација.

Доколку трансферот биде реализиран, тоа ќе претставува голем исчекор во кариерата на младиот бек, бидејќи Целје со години е клуб познат по развојот на таленти и настапите на највисоко европско ниво.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!