Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словенија во првиот контролен натпревар одигран помеѓу двете репрезентации.
Словенците први стигнаа до предност во 26. минута преку Флоријан Межнар, а само пет минути подоцна Денис Виденовиќ ја удвои предноста на гостинската селекција.
Нашата репрезентација успеа да намали пред крајот на првото полувреме, кога во 42. минута Иво Марковски погоди за 2:1 и ја врати Македонија во игра.
Во продолжението, Словенија го постави конечниот резултат во 74. минута, а стрелец на третиот гол беше Тилен Летоња.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски ќе имаат можност за поправен веќе во четврток, кога повторно ќе се соочат со Словенија. Натпреварот ќе се одигра во тренинг комплексот „Горан Пандев“ со почеток од 12 часот.
МАКЕДОНИЈА: 1. Александар Трајков, 2. Албан Рочи (21.Валмир Хамити 70), 4. Матео Кесиќ, 5. Андреј Димовски (19.Флорент Османи 70), 7. Флори Иљази (23.Стефан Јорданоски 70), 8. Лорент Жаку (3.Стефан Секирски 70), 10. Иван Танчев (18.Ристе Милев 80), 11. Стефан Бранковски (17.Мартин Џангаровски 60), 13. Иво Марковски (15.Стефан Стаматовски 70), 16. Филип Цветковски (5.Андреј Димовски 80), 20. Лука Варошански (6.Матеј Киш 80).