Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарите подготвени за двомечот со Црна Гора

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација од утринава е во Подгорица, каде утре и во петок во комплексот „Верде“ ќе ги одигра последните контролни натпревари против Црна Гора пред стартот на Европската лига 2026.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски веќе се сместени во главниот град на Црна Гора, а денеска ќе одработат и тренинг во салата каде ќе се играат натпреварите.

На располагање на стручниот штаб се 16 одбојкари. Во составот се техничарите Ѓорѓи Ѓоргиев, Давид Стојанов и Лука Ристоски, коректорите Никола Ѓоргиев и Кристијан Илијев, примачите Владо Милев, Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев и Тоше Ефремов, средните блокери Филип Маџунков, Филип Савовски и Митко Спасов, како и либерата Костадин Ричлиев, Ване Арапов и Филип Јованов.

Првиот пријателски натпревар против Црна Гора е закажан за утре од 17:30 часот во комплексот „Верде“ во Подгорица, а двомечот ќе биде последна проверка на формата пред настапот во Европската лига 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!