На десет дена пред стартот на Европската лига 2026, селекторот Милош Гавриловиќ го скрати списокот на 16 репрезентативки кои ќе конкурираат за претстојните пријателски натпревари против Косово на 29 и 30 мај.
Во потесниот избор се најдоа и три дебитантки – одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок, како и средните блокерки на Младост УГД, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ. По подолга пауза, на списокот повторно се враќа и Мила Дикова, додека останатите репрезентативки веќе имаат значајна улога во националниот тим од претходните репрезентативни настапи.
Женската репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за Европската лига 2026, а контролните средби со Косово ќе бидат добра можност стручниот штаб да добие појасна слика за формата и подготвеноста на тимот.
Првиот натпревар против Косово ќе се одигра на 29 мај во СЦ Форца во Скопје, додека вториот контролен дуел е закажан за ден подоцна во Скендерај.
