Останато

Пионерките на Наковски Волеј шампионки на Македонија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

По кадетската екипа, и пионерките на Наковски Волеј се закитија со шампионската титула во својата возрасна категорија.

На финалниот турнир, кој викендов се одржа во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје, во одлична организација на Фламинго Волеј, одбојкарките на Наковски Волеј во финалето со 3:0 (25:11, 25:20, 25:22) ги совладаа врсничките од Форца Волеј ЕМА.

Претходно во полуфиналето, Наковски Волеј со 2:0 (25:19, 25:20) беше подобар од Фит Фан Волеј, додека Форца Волеј ЕМА во два сета (26:24, 25:21) славеше против домаќинот Фламинго Волеј.

Во мечот за третото место, Фит Фан Волеј беше поуспешен од составот на организаторот.

Со овој финален турнир во женска пионерска конкуренција беше комплетирана сезоната 2025/2026 во сите возрасни категории, во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.

ПИОНЕРКИ, ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ

Фламинго Волеј – Форца Волеј ЕМА 0:2 (24:26, 21:25)

Наковски Волеј – Фит Фан Волеј 2:0 (25:19, 25:20)

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Фламинго Волеј – Фит Фан Волеј 0:2 (14:25, 18:25)

ФИНАЛЕ

Форца Волеј ЕМА – Наковски Волеј 0:3 (11:25, 20:25, 22:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ

2.ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА

3. ФИТ ФАН ВОЛЕЈ

4. ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Кошарка

Вардар продолжува победнички, шампионот Крива Паланка се разбуди, Пробаскет ја запиша првата победа!

Третото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе убедливи победи, интересни индивидуални остварувања и нови поместувања во првенството. Вардар продолжи со...

Поврзани написи
Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!