Останато

Александар Цеков успешно го заврши ЦЕВ курсот за меѓународни судии

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот одбојкарски судија Александар Цеков успешно го заврши курсот за кандидати за интернационални судии, организиран од Европска одбојкарска конфедерација, и стана дел од друштвото на арбитри кои ја носат значката на ЦЕВ.

Курсот се одржа во Виши, Франција, во периодот од 17 до 24 мај, а Цеков беше еден од 26-те кандидати од 24 европски земји. Македонскиот судија со високи оценки ја мина комплетната обука, која опфати теоретски и практичен дел.

Во рамки на програмата, кандидатите судеа на вкупно 44 натпревари од високоелитното национално првенство на Франција за играчи до 22 години.

Во моментов, Цеков има статус на кандидат за интернационален ЦЕВ судија. За да го добие и официјално статусот интернационален судија, потребно е да добие три позитивни потписи од ЦЕВ судиски супервизори на меѓународните натпревари на кои ќе биде делегиран од септември оваа година.

Македонски судии кои ја носат значката на ЦЕВ се Влатко Ристовски, Орданче Амбарков, Јосип Христов и Елеонора Петровска, додека Симон Џинес, Никола Мицевски, Здравко Здравески и Славчо Здравески се меѓународни делегати.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!