Втора лигаФудбал

Брегалница добива нов странски сопственик: Ќе имаме вистински партнер

Сподели
Сподели



ФК Брегалница се наоѓа пред голем пресврт во својата клупска историја. Штипскиот клуб, кој денеска по натпреварот против Победа ќе го добие шампионскиот пехар во Втората македонска фудбалска лига и официјално ќе се врати во Првата лига, наскоро би можел да добие и нов странски сопственик.

На вчерашната прес-конференција организирана од клубот, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, потврди дека Општината е во завршна фаза од преговорите со заинтересиран странски инвеститор, кој според најавите доаѓа од Германија и веќе управува со фудбалски клуб.

„Веќе интензивно комуницираме со новиот заинтересираниот спонзор, кој веќе ја има посетено Брегалница, го има посетено Штип. Добро е информиран за состојбите во клубот за играчкиот потенцијал за тоа дека Брегалница е огромен расадник на фудбалери. Комуницираме во насока во носење одлука на следната седница на советот на општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека ова ќе се случи и дека ќе имаме еден вистински партнер кој ќе го трасира патот на Брегалница кон европскиот фудбал. Верувам дека ќе има можност не само играчи од овде да заминат во Европа, туку и европски играчи да играат за Брегалница и практично да имаме европски фудбалски клуб во Штип. Тоа се нашите цели. Сите заеднички комуницираме за да се случи тоа и верувам во оваа дека ќе се заврши како процес на преговори и дека на наредната седница на совет ќе се донесе таа одлука. Но, најпрво тоа кое мораме да го завршиме, наша примарна обврска, а тоа е освојувањето на прво место Втора лига, бидејќи интересот на било кој спонзор е Брегалница да игра Прва лига“, вели првиот човек на Штип, Иван Јорданов.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и шефот на стручниот штаб Влатко Костов, за кого ова ќе биде шеста промоција од Втора во Прва лига. Искусниот стратег претходно обезбедуваше пласман во елитата со Осогово, Куманово, Хоризонт Турново, Пелистер, а ова ќе биде и негов втор успех со Брегалница.

Пред медиумите се обрати и капитенот Стефан Коцев, кој потенцираше дека атмосферата во соблекувалната е одлична во пресрет на последниот меч од сезоната, додека претседателот на клубот Ангел Бојаџиев им честиташе на сите во клубот за враќањето во Првата македонска фудбалска лига.



Штипските „сини“ денеска ќе го прослават враќањето меѓу најдобрите, а воедно се отвора и ново поглавје кое би можело да донесе европски амбиции и сериозен развој на клубот во наредниот период.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Враништа 2026: Висок пораз за „мечињата“, АСП ПАК ја доби драмата со Хотел Тино, Екстра Скопско „испука петарда“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ започна нокаут фазата со првите три натпревари. Во првото соочување Златара Бени и Ерол ја...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири го доби пржинското дерби, Јанчева ќе им суди на Тиверија Брера и Ас Јунајтед, Велевачкоска на центарот во Битола

Денес ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 26. коло на Првата женска фудбалска лига, познати се и официјалните лица за сите натпревари. Виолета...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Огражден сака да го освои Дрвош, Слога Злеово ќе бара три бода во Радово, Спартмани цели на триумф!

Утре се играат натпреварите од претпоследното коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Малиќ Белули стави крај на кариерата: Фудбалот не беше само игра за мене, тоа беше мојот живот

Прволигашот Арсими останува без еден од своите искусни фудбалери, откако Малиќ Белули...

Прва лигаФудбал

Бесагиќ пресуди во Гостивар: Арсими со победа ја затвори успешната прволигашка сезона

Арсими со триумф стави печат на својата успешна сезона во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!