Втора лигаФудбал

Штип денес слави: Брегалница го добива шампионскиот пехар и се враќа во Првата лига

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Во Штип денес владее вистинска фудбалска еуфорија, бидејќи Брегалница и официјално ќе го добие шампионскиот пехар за освоеното прво место во Втората македонска фудбалска лига и обезбедениот директен пласман во елитното друштво на македонскиот фудбал.

Штипските „сини“ зад себе оставија тешка, но исклучително успешна сезона, во која со многу борба, квалитет и континуитет успеаја да ја остварат главната цел – враќање во Првата лига.

Четата предводена од стратегот Влатко Костов покажа шампионски карактер во текот на целата сезона, а денес заедно со своите навивачи ќе го прослави големиот успех.

Од 16:30 часот на Градскиот стадион во Штип, Брегалница ќе го одигра натпреварот од последното, 30. коло против Победа од Прилеп, по што ќе следува свечената церемонија на доделување на шампионскиот пехар.

Се очекува трибините да бидат исполнети со емоции, песни и аплаузи, а верните навивачки групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ уште еднаш од трибините ќе им оддадат признание на фудбалерите кои му ја вратија прволигашката радост на Штип.

Штип од следната сезона повторно ќе гледа прволигашки фудбал, а Брегалница заслужено се враќа таму каде што припаѓа – меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!