Останато

Рекорден интерес за 50 години „Македонски бисер“: Традицијата што создава шампиони ги обединува најдобрите борачи во Радовиш

Сподели
Сподели



Како што се приближува 30 мај, интересот за меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“ расте. Годинeшното јубилејно издание, со кое се одбележуваат 50 години постоење, ветува дека ќе биде едно од најпосетените и најквалитетните досега.

Својот настап на турнирот веќе го потврдија врвни натпреварувачи од над 10 земји. Оваа бројка е потврда за меѓународното реноме на настанот, кој е официјално препознаен и во календарот на United World Wrestling (UWW).

„Интересот за учество е одличен показател дека ‘Македонски бисер’ и по 50 години останува референца за борачкиот спорт во регионот. Очекуваме извонредна атмосфера и врвни борби“, велат од организацискиот одбор.

Турнирот ќе опфати повеќе боречки категории и дисциплини во слободен стил, овозможувајќи динамична и квалитетна спортска програма во текот на целиот ден.

Борбите ќе се одвиваат во целосно реновираната сала на БК Бучим, која во јануари 2025 година доби нов под и модернизирани трибини според највисоките стандарди.

Покрај официјалниот натпреварувачки дел кој ќе се пренесува во живо на МРТВ, на платото пред СРЦ 25 Мај ќе биде организирана забавна зона за посетителите каде публиката ќе може да ужива и во богата забавна програма. На платото пред салата е предвидена фан-зона со храна, музика, игри за децата и големиот музички настап на Пајак. Влезот на настанот е слободен за сите посетители. Наскоро повеќе информации за настанот.

Домаќин на настанот е Боречкиот клуб Бучим, под покровителство на Боречката федерација на Македонија и Општина Радовиш, со поддршка на генералните партнери: Бучим, Адора и Комерцијална банка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор,...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF),...

Останато

Митев: Олимпијакос е прв фаворит, шансата ќе ја бараме против Дрита

Македонскиот вицешампион Наковски Волеј втора сезона во низа е дел од меѓународната...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!