ГРК Охрид во недела го очекува првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против унгарската Татабања, дуел кој носи огромен влог – европски трофеј.
Пред заминувањето за Унгарија, крилниот играч на Охрид- Дарко Ѓукиќ го најави натпреварот и го истакна квалитетот на противникот, нагласувајќи дека финалето ќе биде отворено и решено од желбата и пристапот на теренот, а Охрид ќе се обиде да одигра максимално квалитетно и да оствари резултат со кој ќе остане во игра пред реваншот во Македонија.
„Нè очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем- титула во Европа. Според мене, играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене оној што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да одиграме што подобро и со што подобар резултат да се вратиме во Охрид.“- изјави Ѓукиќ.

Во недела, 24 мај од 17:00 часот, во „Tatabanyai Multifunkcios Csarnok“, ќе се одигра првиот финален дуел, по кој сликата за патот кон европскиот трофеј ќе биде малку појасна.