Ракомет

Охрид – Татабања: финалето ќе биде пренесувано во повеќе земји

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид влегува во големото финале од ЕХФ Европскиот Куп, каде што ќе се соочи со унгарскиот тим Татабања.

Првото финално соочување е закажано за недела, 24 мај, со почеток во 17:00 часот, додека реваншот ќе се одигра на 31 мај од 20:00 часот. Токму тој втор натпревар ќе се игра во Охрид, во СРЦ „Билјанини извори“, каде се очекува целосно исполнети трибини и силна домашна поддршка.

Предност за охриѓани е што ќе го имаат финишот од битката за трофејот пред својата публика, но пред тоа ги очекува тежок испит на гостински терен, каде ќе мора да одиграат максимално дисциплинирано и според тактичкиот план.

ЕХФ веќе потврди дека првиот финален натпревар ќе биде емитуван низ повеќе европски земји, меѓу кои Данска, Шпанија, Норвешка, Германија и Полска, а ќе биде достапен и преку ЕХФ ТВ платформата.

Патот до финалето за Охрид беше импресивен. Во полуфиналето, по драматична завршница и подобро изведување пенали, беше елиминиран Целје. Претходно, во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос, додека во осминафиналето без поголеми проблеми ја мина Дукла Прага. Пред тоа, пак, во третото и второто коло, рутински беа совладани Слога Добој и Баку.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!