Втора лигаТрета лигаФудбал

Баражите за Втора лига ќе се играат во Кратово, Кочани, Штип и Ѓорче Петров – познати сите стадиони и термини

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Познати се стадионите и термините за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/27.

Ждрепката претходно посака да се соочат Кожуф и Борец, Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Тетекс и Влазними, додека единствениот дуел меѓу два третолигаши ќе биде пресметката меѓу Победа Валандово и Камјани.

Како што претходно објави Спортска Мрежа, Камјани е шампион на Трета лига – Запад, Влазними е шампион на Трета лига – Југозапад, Еуромилк ГЛ е шампион на Трета лига – Север, Победа Валандово е шампион на Трета лига – Исток, а Борец е шампион на Трета лига – Југ.

Натпреварите ќе се играат на неутрален терен, а распоредот изгледа вака:

• Каменица Саса – Еуромилк ГЛ

📍 Стадион „Силекс“ – Кратово

🗓 30 мај (сабота)

⏰ 16:30 часот

• Кожуф – Борец

📍 Градски стадион – Кочани

🗓 30 мај (сабота)

⏰ 16:30 часот

• Победа Валандово – Камјани

📍 Градски стадион – Штип

🗓 30 мај (сабота)

⏰ 16:30 часот

• Тетекс – Влазними

📍 Стадион „Ѓорче Петров“

🗓 31 мај (недела)

⏰ 16:30 часот

Победниците од овие четири бараж натпревари ќе обезбедат место во Втората лига за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!