Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Потег за почит во Битола: Пионерите на Пелистер со шпалир за шампионот Македонија ЃП

Сподели
Сподели

ФК Пелистер уште еднаш покажа дека фудбалот не е само резултат и борба за трофеи, туку и почит, спортски дух и вистински вредности кои се градат од најмала возраст.

Пред почетокот на денешниот натпревар во пионерската конкуренција, младите фудбалери на Пелистер предводени од тренерот Тодоровски со шпалир ги поздравија своите врсници од Македонија Ѓорче Петров, кои веќе ја обезбедија шампионската титула во пионерската лига.

Со овој гест, „зелено-белите“ испратија силна порака за фер-плеј и меѓусебна почит, покажувајќи дека спортот треба да обединува и да создава вистински личности, а не само успешни фудбалери.

Моментот во Битола беше поздравен од присутните и претставува пример како треба да изгледа спортската култура кај младите генерации.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!